БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

За Противпожарен сојуз на Македонија

За Противпожарен сојуз на Македонија2022-05-04T11:01:29+02:00

 Почетоците на организираното противпожарство на територијата на Република Македонија датираат уште од првата половина на XVIII век. По катастрофалниот пожар на Битолската чаршија, со Повелба од румелискиот валија, на 20 Мај 1836 година, во Македонија се формираат платени служби за гаснење на пожари. Овој ден – 20 мај, по предлог на Противпожарниот сојуз на Македонија, денес се празнува како ден на пожарникарството во Македонија.

Доброволна противпожарна чета, Кочани 1937

Во периодот од 1944 до 1948 година заштитата од пожари била во надлежност на народната војска. Во Март 1951 година, во поранешна Југославија, донесен е Закон за доброволни противпожарни друштва и истата година, на иницијатива на Министерството за внатрешни работи, одржано е оснивачко собрание на Противпожарниот сојуз на Македонија.

Противпожарна вежба

Денес, во склоп на Противпожарниот сојуз на Македонија егзистираат 98 доброволни противпожарни друштва, организирани во 39 Општински противпожарни сојузи (ОППС), а според последниот попис на членството во нив активно членуваат 2 600 доброволци.

Плоштад

Основна дејност

 Член 8 Став први од Статутот на Противпожарен сојуз на Македонија:
„Сојузот спроведува мерки и активности за спречување на настанување на пожари, гаснење на пожари и спасување на луѓе, имоти и вредности загрозени со пожари, елементарни непогоди и други несреќи.“

Претседател
Зоран Кочоски
е-mail: info@kouzon.com.mk

Подпретседател
Артан Демири, ОППС Чаи

Техничко лице
Александра Мицова и Благоја Чаески
e-mail: fire@kouzon.com.mk и admin@kouzon.com.mk

Амблем

Противпожарен сојуз на Македонија

Пожарко

„Пожарко“

маскота на
Противпожарен сојуз на Македонија

Go to Top