БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Општински противпожарен сојуз – Кичево

Општински противпожарен сојуз – Кичево2018-08-25T21:27:13+02:00

Општински противпожарен сојуз – Кичево

адреса:
Ул. “Магистрален пат”  бр.8
6 250 Кичево

телефон за контакт: +389 45 220835

email: oppskicevo@gmail.com

претседател:
Горан Соколевски


80 години доброволно пожарникарство во Кичево

Општинскиот противпожарен сојуз од Кичево оваа година прославува 80 години од формирањето на првото Доброволно противпожарно друштво во Кичево. Потој повод, на 20 мај, Денот на пожарникарите, организираше делење на пропаганден материјал на градскиот плоштат, а на 23 мај, скромна прослава во просториите на ОУ Д-р Владимир Полежановски.


На прославата им беа доделени плакети наопштина Кичево, ТППЕ, Доброволното противпожарно друштво, како и на долгогодишниот активист г-нот Миленко Кармело. Доделени беа и благодарници на поединци и заслужни институции кои дале свој придонес во развојот на ова друштво.


-Со овие активности сакаме не само да го обележиме овој ден, туку и да допринесеме во заштитата на шумите од пожари, посебно во летниот периот кој следува- истакна г-нот Гоце Богдановски од општинскиот ПП сојуз.

Општинскиот сојуз во својот состав има пет друштва кои работат на подрачјето на Кичево и околината. Доброволното противпожарни друштво од Кичево се залага за преземање на превентивни мерки за заштита од пожари и ширење на противпожарната култура во кичевскиот регион, а доколку е потребно и оперативно се вкличува во гаснењето на пожари.

Go to Top