БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Противпожарен сојуз на Град Скопје

Противпожарен сојуз на Град Скопје2018-01-08T14:43:02+01:00
  • Амблем на Противпожарен сојуз на Град Скопје

Амблем на Противпожарен сојуз на Град СкопјеПротивпожарен сојуз на Град Скопје

адреса:
ул. Романија бб
1000 Скопје

претседател:
Никола Бојковски


 

Т Р И Б И Н А

„Заштита на Парк-шумата Водно од пожари„

На ден 21.06.2012 година во Скопје, во салата на Советот на Град Скопје, се одржа Трибина на тема  „Заштита на Парк-шумата Водно од пожари„. Трибината се одржа по иницијатива и во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, ЈП Паркови и зеленило Скопје и Секторот за заштита на животната средина и природата на Град Скопје.

За учество на Трибината беа поканети 43 правни субјекти кои што имаат надлежност или допирни точки со заштитата од пожари во градот Скопје и можат да дадат придонес кон заштитата од пожари, како што се: општините кои што граничат со Парк-шумата Водно и другите општини, потоа ЈП Национален парк Јасен, ЈСП Скопје кој што стопанисува со жичницата, ОППС, Противпожарниот сојуз на Македонија, Бригадата за ППЗ на Град Скопје, ЈП Македонски шуми, ШС Караџица, ДЗС. ЦУК, МВР, МЗШВ, МЖСПП, ПСД Кораб, еколошки здруженија, Црвениот крст на Град Скопје и Црвен Крст на Македонија, медиумите за јавно информирање или вкупно  43 правни субјекти. Додека на Трибината присуствуваа 46 лица од поголемиот број на поканети субјекти.

На Трибината најпрвин беа изложени планираните презентации и тоа:

■ „Значењето на Парк шумата Водно за Градот Скопје и пошироко„, презентер: д-р Никола Николов проф. на Шумарски факултет Скопје и претседател на Противпожарен сојуз на Македонија.

Загрозеноста на Парк – шумата Водно од пожари и пропишани мерки за заштита од   пожари,   презентер: Трајко Тодорчевски,  дипл. шумарски инжинер, генерален инспектор во Дирекцијата за   заштита и спасување и претседател на Одборот за издаваштво и комуникации со јавноста на Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

■ Активности на Јавното претпријатие Паркови и зеленило – Скопје, во престојниот период, за    заштита на Парк – шумата Водно од пожари, Презентер: Александар Антовски факултет за одбрана, ЈП Паркови и зеленило – Скопје.

Оперативно – тактичките аспекти во услови на пожари на Парк шумата Водно„, презентер Благоја Менковски дипл. машински инж., командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По изложените презентации, на Трибината се разви и водеше конструктивна и плодна дискусија, со учество на поголем број од присутните. Дискусиите беа водени како во делот на превенирањето на опасностите и ризиците од шумски пожари, така и за организацијата за ефикасно гаснење на евентуалните пожари  на овој локалитет.

Оценувајќи ја Трибината за успешна во придонесот кон заштитата на Парк-шумата Водно од пожари, таа беше завршена со следниот Заклучок: Парк шумата Водно можеме да ја заштитиме од шумски пожари, за што е неопходна во престојниот период сите да го дадеме својот допринос, од ЈП Парково и зеленило, ЕЛС, здруженијата на граѓани и другите правни субјекти кои   што имаат надлежност или допирни точки со заштитата од пожари, а се разбира неизоставно и најмоќните во превенцијата од пожарите, медиумите за јавно информирање.

Треба да се напомене дека во салата во која што се одржуваше Трибината беа  поставени банери со амблемот на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, а на влезот во салата четири млади активистки на Сојузот делеа флаери на ПСГС и ПСМ со пораки за заштита на шумите од пожари.

Посебно треба да се истакне дека одржувањето на Трибината предизвика исклучително позитивно медиумите внимание, а на самата Трибина присуствуваа, земаа интервјуа и информираа  ТВ Сител, ТВ 24Вести, ТВ Телма, ТВ Алфа, весниците Дневник, Утрински Весник, Вест и Вечер, а повеќе радио станици во своите програми емитуваа информации за одржувањето на Трибината.


Алманах на детски творби „Детски дни без пожари“


Во Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Општинските противпожарни сојузи „Аеродром„, „Кисела Вода„, „Карпош„ „Бутел„, „Гази Баба„,  „Чаир„ „Петровец„ и ОППС „Илинден„ во тек се активности за заштита од пожари на станбените објекти за колективно домување, како и заштита од пожари на објектите на таканареченото Мало стопанство. Активносстите се спроведуваат на терен од страна на противпожарни патроли во станбените објекти и објектите на  мало стопанство, каде што на граѓаните им се укажува на опасностите од пожари, на мерките за заштита од пожари како и на постапката во случај на пожар. За овогодинешните активности се испечатени нови флаери кои им се делат на граѓаните. Исто така на заедниците на станари им се доставува и ПОЖАРЕН КУЌЕН РЕД за влезовите во станбените згради.

Go to Top