БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Проект „Учество на ДПД во гаснење пожари“ – ДПД Демир Капија

Проект „Учество на ДПД во гаснење пожари“ – ДПД Демир Капија

Проект „Учество на ДПД во гаснење пожари“ – ДПД Демир Капија

Во текот на мај месец, со добиените средства се извршени поправки на ПП цистерната со што истата е доведена во добра оперативна состојба, односно е оспособена за извршување на сите предвидени задачи и активности.

Во периодот на сезонатата на пожари од почетокот нај јули до крајот на месец октомври, ДПД „Демир Капија“ зема активно учество во гаснењето на повеќе пожари на територијата на о.Демир Капија и тоа на два шумски пожари, еден пожар на стамбен објект и три пожари на отворена површина.

За извршување на погоре наведените програмски активности беше обезбедена стручна и материјална помош, во соработка со  ТППЕ Неготино, о. Демир Капија, ПСМ и ЈКП „Бошава“. Во извршувањето на погоре споменатите програмски активности, покрај ДПД „Демир Капија“, учество зема пред се подружницата на ЈП„Македонски шуми“ од Д.Капииија, а истотака активно учествуваше и ЈКП„Бошава“ од Демир Капија.

Исто така, во периодот предвиден за остварување на проектот, имаше остварено неколку новинарски известувања за активностите на ДПД „демир Капија“ и интервју на претседателот на друштвото, г-ин. Зоран Честоев, на локалните телевизии, со што жителите на о. Демир Капија, се запознаа и им беа образложени целите и задачите на проектот и работата на ДПД „Демир Капија“

By |2018-01-09T19:19:20+01:001 - 02 - 2011|Конкурси|Коментарите се исклучени на Проект „Учество на ДПД во гаснење пожари“ – ДПД Демир Капија

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top