БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Проект „Шума – живот“ – ОППС Илинден

Проект „Шума – живот“ – ОППС Илинден

Проект „Шума – живот“ – ОППС Илинден

На територијата на о. Илинден  постои мал шумски фонд кој е составен од дабова и др. нискостеблеста шума. Во последните 20 год. голем дел континуирано се пошумува со зимзелени и листопадни видови на дрвја и нивното прифаќање е околу 70%.

Со цел заштита на овие зелени површини od членовите на ДПД-ата во ОППС Илинден, организраше тим од доброволци на кои им беше зададена задача секојдневно да патролираат на терените со шумски насади.

Околу овие терени постојат пасишта со бујна вегетација, но и во пошумениот дел постои вегетација која допринесува за брзо ширење на пожарите, па за таа цел беа поставувани табли за забрана за палење на оган на отворен простор. Поучени од минатото, на овие места исто така беа вршени и патроли со возила кои  беа опремени со ПП опрема за брзо локализирање на пожари. Во периодот на изведување на проектот беа локализирани десетина пожари кои беа навремено детектирани и со брза интервенција на БППЗ на град Скопје и членовите на ОППС Илинден беа брзо локализирани.

Исто така, во рамките на овој проект во сите населени места, јавни установи и претпријатија во о.Илинден, беа поделени флаери за заштита на шумите од пожари. На сите јавно огласни табли беа поставени плакати со броевите на БППЗ на град Скопје и ОППС Илинден. Важно е да се напомене дека и земјоделските стопанства се вклучија во проектот отстапувајќи ја својата механизација во случај на пожар до поѓироки размери.

Со превземањето на овие активности и реализирањето на проектот „ Шума – живот„ ,ОППС Илинден, смета дека е даден голем придонес за зачувување на шумата во општината, а воедно и  одржување на здрава животна средина.

By |2018-01-09T19:19:20+01:001 - 02 - 2011|Конкурси|Коментарите се исклучени на Проект „Шума – живот“ – ОППС Илинден

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top