БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Кампања

Кампања

Да ги заштитиме Македонските шуми од пожари

На ден 28 Јуни 2013 год., со почеток во 13:00 часот, на плоштадот Македонија во Скопје се одржа кампањата за заштита на шумите од пожари под наслов: Да ги заштитиме Македонските шуми од пожари. Кампањата заеднички беше организирана од Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ) и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија (ДЗС).

На плоштадот беше поставен пункт и изложен прикладен пропаганден материјал: постери и флаери. На минувачите им беа поделени над 1000 флаери и шишиња со вода, при што им беше потенцирана нивната улога во заштитата на шумите од пожари, имајќи го во предвид почетокот на летниот период (сезоната на пожари). Флаерите на минувачите ги делеа активисти од ПСМ и вработени во ДЗС.

By |2018-04-13T14:24:53+02:0010 - 07 - 2013|Новости|Коментарите се исклучени на Кампања

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top