БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА – „ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ШУМИ ОД ПОЖАРИ 2022 година “

НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА – „ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ШУМИ ОД ПОЖАРИ 2022 година “

Во рамките на програмските активности и воспоставената традиција , Противпожарниот Сојуз на Македонија ( ПСМ ) , во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје ( ГППС ) и Општинските противпожарни Сојузи на Општините од Град Скопје ( ОППС ) , и оваа година ја организираше националната кампања за разбудување на свеста кај граѓаните за потребата од заштита на шумското богатство од пожари во текот на летниот период.

За оваа цел , на 15 Јуни организиравме ЈАВЕН НАСТАН – на градскиот плоштад

„ Македонија „ во Скопје со почеток во 11.00 часот.

Настанот се организираше во соработка со :

– Дирекција за заштита и спасување на Република Северна Македонија

– Јавно претпријатие „ Национални Шуми “,

– други општествени и јавни установи.

За време на 2 часовната кампања од одржувањето на настанот во центарот на Скопје , активисти и доброволни пожарникари делеа флаери со информативна содржина на минувачите низ централното градско подрачје на кои се претставени начините на превенција и заштита од пожари на нашето национално богатство – Македонските шуми.

Оваа кампања како цел од активностите на ПСМ ќе продолжи со реализација и во други градски средини низ Македонија , каде планираме да поделиме повеќе од 25.000 флаери.

Противпожарниот Сојуз на Македонија , активно ќе се вклучи и во други кампањи кои ја третираат потребата од разбудување на свеста кај сите нас за вредноста на националното шумско богатство и сите општествени и приватни добра со кои располага нашата држава.

By |2022-06-17T08:21:59+02:0017 - 06 - 2022|Новости, Новости|Коментарите се исклучени на НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА – „ ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ШУМИ ОД ПОЖАРИ 2022 година “

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top