Announcements

Announcements2018-01-08T14:27:13+01:00

 


18-05-2011 14:23:20

СООПШТЕНИЕ! 

Одбележување на ДЕН НА ПОЖАРНИКАРСТВО

                Оваа година обележувањето на Денот на пожарникарството е закажано за 26.05 (четврток), во 12:00 часот, на градскиот плоштад во Скопје, како и на плоштадите на останатите општини во Македонија, во исто време.                           

Мотото на одбележувањето е ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ МАКЕДОНИЈА ОД ПОЖАРИ, а воедно се совпаѓа и со  јубилејот од 175 години организирана ПП заштита во Република Македонија.

                Организатор на обележувањето е Противпожарниот сојуз на Македонија, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување. Останати учесници се Локалната самоуправа – Градоначалник, професионалната ПП бригада и ЈП Македонски Шуми, со свои представници.

                За оваа пригода Противпожарниот сојуз на Македонија подготви и едукативно – пропаганден материјал во облик на постер и флаер, кои секој ОППС треба да ги подигне од просториите на ПСМ.

Програма за Општинските ПП Сојузи:

Да ја контактираат подрачната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување и заеднички да се договорат за поставување на штанд на плоштадот во градот на 26.05 во 12:00.

Да ги контактираат останатите учесници, Локалната самоуправа – Градоначалникот, професионалната ПП бригада и подружницата на  ЈП Македонски Шуми.

Да контактираат и повикаат локални медиуми да го следат и пренесат случувањето.

                Штандот и одбележувањето првенствено треба да служат за промоција на Општинскиот ПП сојуз. За таа цел треба да се повикаат ученици од средните и основните училишта кои ќе делат флаери на минувачи. Дирекцијата за заштита и спасување како и професионалната ПП бригада можат да направат презентација на дел од опремата и возилата за ПП заштита, а ЈП Македонски Шуми да ги презентира марките за заштита и превенција од шумски пожари.


23-06-2010 11:54:37 

КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ПРОТИВПОЖАРНАТА ЗАШТИТА

Критериуми за изработка на предлог-проекти

Формулар за аплицирање на предлог-проекти

РЕЗУЛТАТИ: По деталното разгледување на предлог-проектите, во согласност со критериумите на конкурсот, комисијата на ПСМ ги одобри проектите на следните апликанти:

  1. ОППС „Струга“ – Струга
  2. ДПД     „Пегаз“ – Битола
  3. ОППС „Кичево“ – Кичево
  4. ДПД     „Радика“ – Дебар
  5. ДПД    „ Демир Капија“ – Демир Капија
  6. ОППС „Илинден“ – Скопје
  7. ОППС „Аеродром“ – Скопје
  8. ОППС „Куманово“ – Куманово

НАПОМЕНА: На одбраните поднесители на предлог-проектите, по пошта ќе им бидат пратени договори кои ќе треба да ги потпишат и повторно да  ги вратат во ПСМ.


КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПОСТЕР И ФЛАЕР – 2010.

Конкурс за изработка на идејно решение за постер и флаер 2010

РЕЗУЛТАТИ: Ниту едно од пристигнатите идејни решенија не ги задоволува потребните критериуми за да биде оценувано и наградено. Поради тоа, конкурсот ќе биде повторен на почетокот на наредната учебна година.


КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ ВО УРБАНА СРЕДИНА И ПРИРАЧНИК ЗА ЗАШТИТА НА ШУМИ И ДРУГИ ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИ ОД ПОЖАРИ

РЕЗУЛТАТИ: Комисијата на ПСМ, во согласност со условите на конкурсот, детално ги разгледа пристигнатите пријави и едногласно одлучи:

  • Прирачникот за заштита од пожари во урбана средина да го изработи апликантот под шифра: 6842.

 

  • Прирачникот за заштита на шуми и други отворени простори од пожари да го изработи апликантот под шифра: Стоп за пожарите.


НАПОМЕНА: Апликантите под соодветните шифри да се обратат до ПСМ за понатамошна постапка.

Go to Top