БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Градски Плоштад „Македонија“ – Скопје: Кампања за заштита на шумите и други отворени површини од пожари

Градски Плоштад „Македонија“ – Скопје: Кампања за заштита на шумите и други отворени површини од пожари

 

11.06.2010 год., Градски плоштад-Скопје: Кампања за заштита на шумите и други отворени простори од пожари

 

 

На ден 11.06.2010 год. на Градскиот плоштад во Скопје, со почеток во 11:00 часот, Противпожарниот сојуз на Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување на Република македонија спроведоа кампања под наслов: Уживајте во благодетите на шумата, немој да ја палите!

 

 

Во кампањата учество зема и Ј.П. Македонски шуми. За таа цел, на Градскиот плоштад беше поставен штанд со пропаганден материал (флаери и постери), кои од страна на активисти на ПСМ и вработени во ДЗС беа делени на минувачите.

 

 

 

 

Голем број од минувачите се задржуваа на штандот и поставуваа прашања во однос на кампањата.

 

 

Беа поделени околу 500 флаери и 40 постери.

 

 

 

На Кампањата присутни беа и претставници од голем број печатени и електронски медиуми, за кои изјави дадоа директорот на ДЗС Г-дин Шабан Салиу и Претседателот на ПСМ Проф. д-р Никола Николов. 

 

                

By |2018-01-09T19:19:24+01:0015 - 06 - 2010|Новости|Коментарите се исклучени на Градски Плоштад „Македонија“ – Скопје: Кампања за заштита на шумите и други отворени површини од пожари

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top