БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ОДРЖАН КОНСТИТУТИВЕН СОСТАНОК НА НОВИОТ УПРАВЕН ОДБОР НА ПСМ

ОДРЖАН КОНСТИТУТИВЕН СОСТАНОК НА НОВИОТ УПРАВЕН ОДБОР НА ПСМ

Новоизбраниот Управен Одбор на Противпожарниот Сојуз на Македонија , на 4 Мај 2022 година ја одржа својата прва седница во полн состав.

На седницата , членовите на управниот одбор извршија верификација на избраните членови и го проследија излагањето на претседателот на ПСМ , Зоран Кооски кој ја презентираше содржината за полугодишната програма за работа на ПСМ со истакнување на стратешките , оперативните и периодични цели.

Според презентираната 6 месечна програма за работа на Управниот одбор , Претседателот ги изнесе следниве цели стратешки цели  :
– Анализа на моменталната состојба на мрежата на ОППС низ Македонија , активни ДППД и број на членови .
– Таргетирање на регионални центри , кои би ја превзеле  координацијата на активности во регионот .
– Ребрендирање на Сојузот , со ново Лого , веб страна, и ознаки кои ја дефинираат позицијата на ПЦМ во секторот  заштита и спасување.
– Соработка со Национални и локални медиуми .
– Кампања за подмладување на ДППД и ОППС.
– Национална Кампања за пријавување на доброволни пожарникари
– Решавање на проблемот со финансирањето на ПСМ, ОППС и ДППД.
– Иницирање на интернационална соработка на ПСМ со сродни организации од ЕУ и светот .

За оперативни цели во работењето на ПСМ беа детектирани :

– Враќање на позицијата на ПСМ и ОППС во системот за заштита и спасување во Македонија
– Средби со државни раководители , претставници на Владата и  Министерствата , ДЗС, ЦУК , ЗЕЛС и Градоначалникот на град Скопје.

Како периодични цели на функционирањето на ПСМ беа утврдени :

– Организирање на национални кампањи за превенција и заштита од шумски пожари.
– Организирање на обуки за доброволни пожарникари
– Формирање на работни тела ( одбори ) на ПСМ.
  Во рамките на оваа цел , Управниот Одбор на ПСМ иницираше формирање на работна група , која треба да го подготви предлогот за формирање на Одбори и Комисии кои ќе функционираа во рамките на статутарните одредби на ПСМ.

By |2022-05-09T14:24:32+02:005 - 05 - 2022|Новости|Коментарите се исклучени на ОДРЖАН КОНСТИТУТИВЕН СОСТАНОК НА НОВИОТ УПРАВЕН ОДБОР НА ПСМ

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top