БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Учество на ОППС Штип во кампањата „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“

Учество на ОППС Штип во кампањата „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“

                  Општинскиот ПП Сојуз Штип на ден 26.05.2011 година /Четврток/ со почеток во 12,00 часот на Плоштадот СЛОБОДА во Штип, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување Подрачно одделение Штип, Територијалната ПП Единица, Локалната Самоуправа и преставниците од Македонски Шуми Подружница СЕРТА од Штип организираше Акција  под мотото „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“.

                 Целта на Акцијата беше да се зголеми свеста на луѓето за нивниот однос кон зашитата на шумите од пожари а во исто време и да се подготват за престојанта сезона – лето 2011 од делот на гасење пожар на отворен простор.

                Во врска со ова беше поставен штанд на кој беше изложено дел од пропагандниот материјал како и опрема  и  материјално технички средства од ДЗС, а лица од Подрачното оделение за зашита и спасување во униформи заедно со младите пожарникари од ПП Сојузот делеа флаери на случајните минувачи. ТППЕ исто така изложи дел од својата опрема, возила и средства кои ги користат при гасењето на пожари на отворен простор.

             На овој начин се промовираше ПП Сојузот а настанот беше пропратен од локалните медиуми а од наша страна беа дадени кратки информации и интервјуа.

              Ова беше ретка можност населението од блиску да се запознае со улогата на ПП Сојузот особено бидејки стануваше збор за јубилеј 175 години од формирањето на првото ПП Друштво а во исто време да се видат останатите релевантни фактори-учесници во гасењето на пожари на отворен простор.

             Ваквиот тип на акции се покажа како доста успешна и наиде на позитивни критики од локалното население и од останатите владини и невладини институции.

               На мислење сме дека ова преставува одлична можност да се подигне свеста на граѓаните за пожарите, за спречување на појавата на истите и нивната севкупна улога во системот за зашита и спасување и во иднина би требало да има уште такви акции.

 

 

 

 

 

 

                                                                                                                        

 

By |2018-01-09T19:19:17+01:0022 - 06 - 2011|Uncategorised|Коментарите се исклучени на Учество на ОППС Штип во кампањата „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top