БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Учество на ОППС Велес во кампањата „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“

Учество на ОППС Велес во кампањата „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“

Во рамките на активностите за одбележување на месецот на заштита од пожари, Противпожарниот сојуз и Општина Велес се вклучија во националната акција на Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарниот сојуз на Република Македонија. На 26 мај годинава, Противпожарниот сојуз на Општина Велес на штандови поставени пред гимназијата „Кочо Рацин“ презентираше противпожарна опрема и дистрибуираше информативни флаери за заштита од шумски пожари.

 Настанот го отвори Градоначалникот Горан Петров кој нагласи дека оваа активност го означува  почетокот на кампањата под мото „Да ја заштитиме Македонија од пожари“ . Граѓаните кои ги посетија штандовите имаа можност да ги разгледаат и паноата на кои беа презентирани фотографии и информации за активностите на Противпожарниот сојуз.

Противпожарниот сојуз на општината Велес во рамките на месецот за заштита од пожари спроведе значителни активности, особено изврши првентивни прегледи на шумски комплекси во туристичките комплекси (Езеро Младост,Бреза и Мокрени) и постави постери-плакати во нив.Спроведе предавања во училиштата на тема превентивно делување за заштита од пожари на оворен простор  и во објекти-урбани пожари. Спроведе училишни натпревари во литератруни и ликовни творби и училишни квиз натпревари. Изготви противпожарен куќен ред и ги подели во станбените згради, при што се извршени  прегледи на противпожарната опрема и кратко запознавање употреба на истата.

Медиумска покриеност:

http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1702:2011-05-27-11-47-21&catid=17 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

By |2018-01-09T19:19:17+01:003 - 06 - 2011|Uncategorised|Коментарите се исклучени на Учество на ОППС Велес во кампањата „Да ја заштитиме Македонија од пожари!“

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top