БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Проект „Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор“ – ОППС Куманово

Проект „Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор“ – ОППС Куманово

Проект „Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор“ – ОППС Куманово

 До средината на месец јуни, со циркуларно писмо беа запознаени училиштата, земјоделските задруги, месните заедници и други чинители на активностите кои се преземаа во рамките на проектот. Во јуни беа организирани предавања на тема „ Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор“ во три земјоделски задруги и две бензински пумпи. При тоа беше извршена демонстрација на опрема за гаснење пожари на отворен простор. Со почетокот на летната сезона и зголемување на ризиците од пожар, беа посетени полињата во атарот на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Екипи составени од два члена беа во функција на давање совети за превентивни мерки при настанување на пожари со акцент на донесувањето на работниците во поле, употреба на опрема за гаснење, нејзина исправност и правилно користење. Во рамките на овие активности исто така беа поделени и флаери со информативна содржина.

Од почетокот на сезоната на пожари преку локалните медиуми во соработка со ДЗС и ЦУК, населението се информираше преку соопштенија за опасностите од настанување на пожар на отворен простор. Од почетокот на септември тежиштето на активностите на проектот се префли во училиштата. Во рамки на противпожарните секции, учениците и нивните ментор беа обучени за однесување на населението на отворен терен од аспект на заштита од пожари.

By |2018-01-09T19:19:21+01:001 - 02 - 2011|Конкурси|Коментарите се исклучени на Проект „Превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор“ – ОППС Куманово

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top