БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Проект „Безбеден стан“ – ОППС Аеродром

Проект „Безбеден стан“ – ОППС Аеродром

 

Проект „Безбеден стан“ – ОППС Аеродром

ОППС Аеродром на 20 и 21 октомври 2010 год. го реализира проектот за заштита на станбени објекти од пожар под наслов „Безбеден стан“ за слушатели од заедниците на сопственици од општина Аеродром.Проектот се одржа во кабинетот на ОППС Аеродром според предвидената програма за негово спроведување. За реализација на проектот беа ангажирани стручни предавачи, а исто така беше изведен и практичен дел од наставата.

 

 

 

 

Едукативно- образовната програма се одржа во траење од два дена, односно беше организирана во две паралелки и беа едуцирани вкупно 38 слушатели кои изразија големо задоволство и ветија соработка со ОППС Аеродром која е во интерес на граѓаните на о. Аеродром. За време на одржување на обуката, беа присутни и медиумите и претставници на о.Аеродром.

 

 

 

Од реализацијата на проектот евидентни се позитивните резултати, а за негова понатамошна активност владее голем интерес кај релевантните фактори во о.Аеродром, како и кај многу граѓани кои се заинтересирани за отстранување на опасностите од пожар во нивните станбени објекти.

 

 

By |2018-01-09T19:19:21+01:0031 - 01 - 2011|Конкурси|Коментарите се исклучени на Проект „Безбеден стан“ – ОППС Аеродром

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top