БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

РЕГИОНАЛЕН ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР 2011

РЕГИОНАЛЕН ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР 2011

 

 

 

 

РЕГИОНАЛНИ ПРОТИВПОЖАРНИ КВИЗ НАТПРЕВАРИ 2011

 


 

 

XXVII-тите ПП Квиз натпевари се оджуваат во периодот Октомври – Декември 2011 година. Најнапред, во организација на општинските противпожарни сојузи, се одржаа општинските ПП квиз натпревари, а победниците имаа можност да ги претставуваат своите училишта и ОППС-и на 5-te регионални квиз натпревари. Учесниците се натпреваруваа во две категории, и тоа: кадети и јуниори. За регуларноста на сите натпреварувања се грижеа жири комисии и делегати од Противпожарниот сојуз на Македонија.

 


 

 

Регион I –  ОППС Тетово, ОППС Гостивар, ОППС Дебар, ОППС Струга ,ОППС Ресен и ОППС Кичево.

За Регионот I, домаќин на XXVII Регионален ПП квиз натпревар  беше ОППС Дебар. Натпреварувањето се одржа на  11.11.2011 година во Основното училиште Саид Најдени, во пријатна натпреварувачка атмосфера. На натпреварот учество земаа екипи од следниве ОППС-и: Струга, Дебар, Ресен, Тетово и Гостивар. Екипата на ОППС Кичево, како минатогодишен републички победник и организатор на овогодинешниот републички ПП квиз натпревар, како директен финалист не учествуваше на овој регионален натпревар.

На овој регионален ПП квиз-натпревар, како најподготвени  се покажаа екипите на ОППС Ресен (јуниори) и ОППС Тетово (кадети) освојувајќи ги првите места.

По завршувањето на натпреварот за време на заедничкиот, претседателот на ОППС Дебар, г-н Џетан Мифтаровски свечено им ги врачи наградите и признанијата на победниците.


Регион II – ОППС Велес, ОППС Неготино, ДППД Богданци,  ОППС Прилеп,  ОППСКрушево,  ОППС Валандово,  ОППС Кавадарци и ОППС Битола.

Градот Крушево беше домакин на регионалниот ПП квиз натпревар  za II-от регион, а се одржа на 10.11.2010 г. во Угостителскиот објект Питу Гули  во 11ч. и 30 мин. Се натпреваруваа  следните екипи: ОППС Велес, ОППС Неготино, ДППД Богданци, ОППС Прилеп, ОППС Крушево, ОППС Валандово, ОППС Каавадарци и ОППС Битола.

Најголема подготвеност покажаa ОППС Велес (јуниори) и ОППС Крушево (кадети)  и ги освоиja првите места.

По завршувањето на натпреварот сите учесници и гости го посетија Меморијалниот центар СПОМЕН КУЌА НА ТОШЕ ПРОЕВСКИ.Потоа беше организиран заеднички ручек и на победниците им  беа доделени награди и дипломи за освоените места.

 

 

Регион III – ОППС Берово, ОППС Делчево, ОППС Радовиш, ОППС Штип, ОППС Кочани и ОППС Виница.

На ден 09.11.2010 г., во салата на центарот за култура Ацо Kараманов во Радовиш, со почеток во 11ч. и 30мин., се одржа  натпреварувањето  за регионот III на кој учество земаа екипи од: ОППС Берово, ОППС Делчево, ОППС Кочани, ОППС Виница, ОППС Штип и домаќинот ОППС Радовиш. На почетокот се интонираше химната на Република Македонија, а потоа на присутните им се обрати г-н Никола Здравев преставник на ОППС Радовиш и градоначалникот на Општина Радовиш г-н Роберт Велков, а квиз натпреварот го прогласи за отворен  делегатот на ПСМ г-н Никола Бојковски. Потоа следеше прозно читање и  музичка  точка од учениците од музичката секција при Домот на културата.

Во мирна и натпреварувачка атмосфера првото место во категоријата КАДЕТИ го освои екипата од ОППС Делчево.

Во вториот дел од наптреварувањето на сцената се искачија натпреварувачите од категоријата ЈУНИОРИ.Најдобра подготвенсот покажа екипата на  ОППС Берово, освојуваќи го првото место и обезбедувајќи натамошен пласман на републичкиот квиз наптпревар.

По завршувањето на ПП квиз-натпреварувањето,  беше организиран заеднички ручек за натпреварувачите на кој претседателот на ОППС Радовиш на победниците им ги врачи наградите и признанијата.


 

Регион IV – ОППС  Куманово, ОППС Кратово, ОППС Пробиштип и ОППС Свети Николе.

Регионалниот натпревар за Регионот IV, на 18.11.2010 г. се одржа во Кратово во Салата на Дирекцијата за заштита и спасување, каде што учество земаа екипите од ОППС Кратово, ОППС Пробиштип, ОППС Куманово и ОППС Свети Николе. Во присуство на публиката, претставници на локалната самоуправа, локалните медиуми, натпреварувањето помина во најдобар ред. За регуларноста се грижеше жири комисијата и делегатот на ПСМ, г-н Часлав Јовановиќ.

Првото место во категоријата  КАДЕТИ го освои домаќинот ОППС Пробиштип,а во категоијата ЈУНИОРИ првото место го освои екипата од ОППС Куманово.

 

 

Регион V – ОППС Кисела вода , ОППС Аеродром,  ОППС Петровец,  ОППС Илинден , ОППС Центар,  ОППС Карпош, ОППС Гази Баба и ОППС Чаир.

Регионалниот натпревар во регионот I на град Скопје се одржа на 25.11.2010 год. во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз”, со почеток во 17 ч. На натпреварот учество земаа 48 натпреварувачи, а први настапија натпреварувачите од категоријата КАДЕТИ. Победници во оваа категорија беа претставниците на ОППС Гази Баба.

Во вториот дел на квиз натпреварот се натпреваруваа натпреварувачите во категоријата ЈУНИОРИ. Првото место го освоија претставниците од ОППСКисела Вода

По завршувањето на натпреварувачкиот дел,  на победниците им беа доделени пехари за освоено I, II и III место, како и соодветни награди и признанија.

 


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

By |2018-01-09T19:19:15+01:001 - 12 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на РЕГИОНАЛЕН ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР 2011

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top