БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Пожарот на новиот театар бил предизвикан од невнимание

Пожарот на новиот театар бил предизвикан од невнимание

 

Човечки фактор е причина за  големиот пожар во новиот театар.

 


 

Во пожарот кој настана на 04,09,2011 година, целосно е уништен покривот. Градежните работи продолжуваат во долниот дел од објектот. Истрагата за причините поради кои пламна и изгоре покривот суште трае.Од досегашните сознанија, пожарот бил предизвикан поради невнимание на работниците.

 

„Причината за пожарот е човечки фактор. Односно пожарот е предизвикан од искра која произлегла од ракување со еден од инструментите кои биле употребувани за градежните работи“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. 

Министерството за култура се уште нема информации колкава е штетата. Според нивните првични процени таа не е голема. 

Огнот не ја зафатил внатрешноста на објектот, туку само покривот кој целосно изгоре, а бакарот се стопи. Повеќе од три часа 40 пожарникари, со 20 возила го гаснеа пожарот. Интервенцијата на пожарникарите беше изведена во најкус можен рок и максимално професионално. Двајца пожарникари се здобија со помали повреди.

 

Покривот ќе биде обновен откако целосно ќе заврши истрагата за причините и ќе се направи проценка за тоа колку пари изгореа во пламенот. 

 


 

By |2018-01-09T19:19:16+01:0012 - 10 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на Пожарот на новиот театар бил предизвикан од невнимание

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top