БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР КИЧЕВО 2011

ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР КИЧЕВО 2011

 

ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР КИЧЕВО 2011

 

Оваа година државниот ПП квиз-натпревар се одржа во Кичево, во организација на ОППС Кичево како минатогодишни победници, а под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија. Натпреварувањето се одржа во Домот на културата , на 14 декември 2011 г. со почеток во 12 часот.

 

 

На настанот присуствуваа екипите победници на регионалните натпревари, во две категории, кадети и јуниори. ОППС Кичево како победници на минатогодишниот  ПП квиз натпревар, директно учествуваа во финалето. Се одржа и промотивно натпреварување во видео играта WILDFIRE од жанрот стратегии. Тематика се шумските пожари и натпреварувачите имаат цел да ги локализираат и стават под контрола.

На републичкиот квиз-натпревар учествуваа 42  натпреварувачи од основните и средните училишта, а вкупно на овогодинешните ПП квиз – натпревари (на општинско, регионално и републичко ниво) продефилираа над 2000 ученици. За регуларноста на квизот се грижеше жири комисија, составена од 3 члена.

Во конкуренција  на кадети прво место освои  екипата на ОППС Крушево, второ место Гази Баба и трето место Делчево.


Во конкуренција на јуниори прво место освои екипата од ОППС Берово, второ место Велес и трето место Кисела Вода.


Победник во видеоиграта, со многу мала разлика, беше Влатко Спасов од ОППС Свети Николе , второто место го освои Ѓорѓи Ајтовски од ОППС Берово, а додека трето место и припадна на Александра Михајловска од ОППС Чаир.

Натпреварите на општинско ниво, регионално ниво и на државното финале се спроведоа без никакви инциденти, во мирна и фер борба за освојување на местата.

 


 

Генерално, може да се констатира дека  сите натпреварувачи, и во конкуренција на кадети и во конкуренција на јуниори, беа солидно подготвени и постигнаа добри резултати, без разлика на освоените места.

На повеќе регионални натпревари, покрај  натпреварувањето во знаењето од заштитата од пожари, пред натпреварите и во паузатите од натпреварувањето имаше и точки од културно забавна програма, особено на регионалниот натпревар во Скопје.

На натпреварите во повеќето градови, покрај натпреварувачите со своите ментори, настанот со своето присаството го збогатија и: градоначалници на општини, претставници од локалната самоуправа, директори и претставници од училиштата, ученици, родители на учениците што се натпреваруваа и т.н.

На отварањето на Регионалните натпревари  имаше пригодни излагања од Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, Претседателот на Градскиот ПП сојуз на Скопје, членови на Управниот одбор на ПСМ  и други почесни гости. На Државниот ПП КВИЗ натпревар во Кичево присуствуваше и градоначалникот на Општина Кичево Благоја Деспотоски како и високи представници од АРМ.

На натпреварувањето  се применуваа постоечките пропозициите без никакви отстапувања. Државниот и регионалните натпревари  се спроведоа со компјутерска техника (видео БИМ) при поставување на прашањата и прикажување на точните одовори, преглед на бодовната листа и прикажување на пригодни  слајдови и филмови одобласта на  заштитата од пожари.

Спроведувањето на натпреварите покрај  жири комисиите  и делегатот на натпреварот,  го потпомагаа  два или три ученика, од кои еден секогаш беше водител на натпреварот.

 

 

За одржувањето на Општинските натпревари ОППС-И финасиски беа потпомогнати од ПСМ, а наградите за учениците и менторот ги обезбедуваа Општинските сојузи. Целокупните средства за Регионалните ПП Квиз натпревари и Државниот натпревар ги обезбеди Противпожарниот сојуз на Македонија.

Треба да се истакне дека во некои градови организацијата и одржувањето на општинските ПП Квиз натпревари логистички и финансиски беше помогнато од градоначилиниците односно локалната самоуправа, што е особено за пофалба и претставува еден позитивен тренд. Исто така, поединци од Дирекцијата за заштита и спасување на Р.Македонија со својата активност придонесоа за успешната организација и одржување на ПП Квиз натпревари, на сите нивоа.


 

 

 

 

By |2018-01-09T19:19:15+01:0027 - 12 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР КИЧЕВО 2011

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top