БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Младите пожарникари волонтери во акција

Младите пожарникари волонтери во акција

 

 

Младите пожарникари волонтери во акција

 

 

Учениците  од Основното училиште Тодор Ангелески од Горно Оризари, волонтери пожарникари во секцијата од ова училиште демонстрираа вежба  на гаснење на пожар и спасување на ученици. Акцијата ја организираа во соработка  на Територијалната против пожарна служба , волонтерската единица „Пегаз“, Црвениот крст, Службата за итна медицинска помош и СВР Битола.

 

 

 

 

Учениците членови на противпожарната секција  од Основното училиште Тодор Ангелевски од г. Оризари демонстрираа вежба на гаснење на пожар и спасување на ученици во случај на пожар. На иницијатива на професорот по физичко воспитување формирана е секција на млади пожарникари волонтери која работи неколку месеци.

 

 

„По подолги разговори  со учениците  направивме една група и формиравме  секција и по неколку месеци извршивме акција и решивме да ја споделиме и со јавноста “- вели  Александар Ангелевски  проф. По физичко во ОУ Тодор Ангелевски г. Оризари

Подигнувањето на свеста на граѓаните и како да се однесуваат при непредвидливи ситуации е основната цел на акцијата.

„Целта е да се подигне свеста на нашите граѓани и младите пожарникари да ги покажат своите активности во против пожарната заштита“ – изјави   Драги Петревски – член на волонтерска противпожарна единица „Пегаз“.

 


Младите волонтери пожарникари акцијата ја изведоа со логистика од Територијалната противпожарна единица од Битола како и Црвениот крст,службата за итна медицинска помош, СВР Битола и невладината Сфера. Инаку интересот кај младите волонтери пожарникарти е голем, а тоа го потврдува фактот што на почетокот биле 15 ученици, за сега бројката да се зголеми  на 35 волонтери.



 

 

 


 

 

 

By |2018-01-09T19:19:15+01:0028 - 02 - 2012|Новости|Коментарите се исклучени на Младите пожарникари волонтери во акција

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top