На ден 12.05.2010 год., во просториите на Општина Дебарца, на иницијатива на SNV беше одржан работен состанок.
На состанокот присуствуваа: членови на ДПД Дебарца, Претседателот на ПСМ, претставник од Дирекцијата за заштита и спасување на Р.М., претставник од Ј.П. „Македонски Шуми“, претставници од SNV и претставник од Локалната самоуправа.
На состанокот се разговараше за донацијата од страна на SNV за опремување на ДПД Дебарца и обука на нивните членоци за претстојната сезона на шумски пожари.