БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ТРИБИНА – Заштита од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици, Противпожарен сојуз на Град Скопје

ТРИБИНА – Заштита од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици, Противпожарен сојуз на Град Скопје

 Противпожарниот сојуз на Град Скопје поаѓајќи од актуелните крајно неповолни состојби со заштитата од пожари во станбените згради за колективно домување – повеќекатниците,  организира Трибина на тема: „Заштитата од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици“.

 Организирањето на предметната трибина е во функција на подигањето на јавната свест за подобрување на состојбите со заштитата од пожари во станбените згради, како и за поактивното ангажирање на управителите, односно заедницата на сопственици за подобрување на состојбите, согласно Законот за домување и другите прописи.

 На трибината поканети се: правните субјекти лиценцирани за вршење дејност управување со станбени згради х 24; правни субјекти кои вршат дејност одржување на лифтови; ЕВН Македонија; преставници од Град Скопје и општините од територијата на Град Скопје; ПП сојуз на Македонија; Дирекцијата за заштита и спасување; Регулаторно тело за домување; Државен комунален инспекторат општинските ПП сојузи од територијата на Град Скопје и медиумите за јавно информирање.

 Трибината ќе се одржи на ден 24.04. 2014 година во салата за состаноци на Советот на Град Скопје барака  13, на ул. „Илинденска„ бб (градски парк) со почеток во 11,00 часот. 

 За контакт:  Никола Бојковски тел. 075/766-400  Е-mail: ppsojuz_psgs@yahoo.com  

  Прилог: Програма

 

 

П  Р  О  Г  Р  А  М  А

11:00 до 12:00 – Презентации

1.Актуелни состојби со заштитата од пожари во станбените згради и правната регулатива, 

Презентер: Никола Бојковски – претседател на ПП сојуз на Град Скопје

 

2.Стандарди и нормативи на инсталациите и опремата за заштита од пожари во станбените згради,

Презентер: Зоран Нешкоски – дипл. инжинер за заштита од пожари

 

3.Оперативно тактичките аспекти во услови на пожар во станбените згради,

Презентер: Благоја Менковски  командант на БППЗ Скопје – дипл. машински инжинер.

 

4.Инспекцискиот надзор во функција на подобрување на состојбите со заштитата од пожари во станбените згради,

Презентер: Преставник од Дирекцијата за заштита и спасување

 

12:00 до 12:15 – Пауза.

 

12:15 до 13:30 – Презентации, дискусија и заклучоци

 

5.Сервисно одржување и контрплно испитување на опремата за заштита од пожари во станбените згради,

Презентер: Милан Клопчевски – дипл инж. За зажтита на работа

 

6.Позитивни практики во одржувањето на инсталациите и опремата за заштита од пожар во станбените згради,

Презентери: управители на станбени згради и на заедница на сопственици.

 

7.Дискусија.

 

8.Заклучоци.

By |2018-01-09T19:19:05+01:0015 - 04 - 2014|Новости|Коментарите се исклучени на ТРИБИНА – Заштита од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици, Противпожарен сојуз на Град Скопје

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top