БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ТРИБИНА – „Заштитата од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици“  

ТРИБИНА – „Заштитата од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици“  

 

На ден 24.04.2014 година во салата за состаноци на Советот на Град Скопје, се одржа Трибина на тема „Заштита од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици“

 

Трибината ја организираше Противпожарниот сојуз на Град Скопје, а на истата присуствуваа вкупно 56 лица од кои 26 преставници  од правните субјекти лиценцирани за вршење дејност управување со станбени згради и преставници од заедниците на сопственици во станбените згради, потоа преставници од правните субјекти кои што вршат дејност одржување на лифтови; ЕВН Македонија; од Град Скопје и општините од територијата на Град Скопје; ПП сојуз на Македонија; Регулаторно тело за домување; Државен комунален инспекторат; општинските ПП сојузи од територијата на Град Скопје и медиумите за јавно информирање.

 

Целта на организирањето на трибината беше во функција на подигањето на јавната свест за подобрување на состојбите со заштитата од пожари во станбените згради, како и за поактивното ангажирање на управителите, односно заедницата на сопственици за подобрување на состојбите, согласно Законот за домување и другите прописи.

 

 

Трибината се одвиваше така што најнапред беа застепени PowerPoint презентации на следните теми:

 

1.   Актуелни состојби со заштитата од пожари во станбените згради и правната регулатива, презентер: Никола Бојковски – претседател на ПП сојуз на Град Скопје

2.   Стандарди и нормативи на инсталациите и опремата за заштита од пожари во станбените згради, презентер: Зоран Нешкоски – дипл. инж. за заштита од пожари

3.   Оперативно тактичките аспекти во услови на пожар во станбените згради,

презентер: Благоја Менковски  командант на БППЗ Скопје – дипл. машински инжинер.

4.   Сервисно одржување и контрплно испитување на опремата за заштита од пожари во станбените згради, презентер: Милан Клопчевски – дипл. инж. за зажтита од пожари

5.     Позитивни практики во одржувањето на инсталациите и опремата за заштита од пожар во станбените згради, презентери: управители на станбени згради и на заедница на сопственици.

Покана за презентација беше испратена и до Дирекцијата за заштита од пожари со предлог тема: Инспекцискиот надзор во функција на подобрување на состојбите со заштитата од пожари во станбените згради, но немаше одзив нити учество на трибината.

На Трибината по презентациите беше развиена мошне богата и плодна дискусија при што беа дискутирани сите актуелни и акутни проблеми со заштитата од пожари во станбените згради, како пто се: одржувањето на ПП хидранти, ПП суви водови, противпаничното осветлување, громобранската инсталација, инсталацијата за алармирање, ПП апарати, ПП скали и ПП премини и сл. Беа истакнати проблемите со опремувањето на зградите со ПП опрема, чувањето на опремата, сервисното одржување и контролното испитување на истата, обуката на граѓаните за заштита од пожари и тн. На Трибината посебно беше потенцирана потребата за поголемо ангажирање на управителите и на заедниците на сопственици во станбените згради во планирањето и реализирањето на мерки и активности за подобрување на состојбите со одржувањето на заедничките делови и заедничките инсталации во станбените згради, во кои што припаѓаат и опремата и уредите за заштита од пожари. Во дискусиите посебно беше потенцирана потребата инспекцијата за заштита од пожари да врши инспекциски прегледи и во станбените згради и да презема законски мерки во функција на подобрување на состојбите.

Од Трибината известуваа три (3) телевизиски куќи, претседателот на ПСГС имаше интервју во емисија во живо, а два дневни весника (дневник и вечер) и повеќе радио станици имаа написи и прилози од Трибината.

Општа оценка е дека одржаната трибина ја постигна посакуваната цел да се актуелизира проблематиката со заштитата од пожари во станбените згради, во функција на подигањето на јавната свест за подобрување на состојбите, а самата Трибина беше безпрекорно организирана.

 

By |2018-01-09T19:19:05+01:0011 - 05 - 2014|Новости|Коментарите се исклучени на ТРИБИНА – „Заштитата од пожари во станбените згради – улогата на управителот, односно заедницата на сопственици“  

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top