БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

XXX-ти ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР

XXX-ти ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР

Оваа година против Пожарните Квиз натпревари беа организирани според Правилникот за организирање и спроведување на квиз-натпревари (усвоен на седницата на УО на ПСМ на 29.09.2014 година).

На натпреварот на општинско ниво учество земаа околу 150 екипи во категоријата на кадети (возраст до 14 години) и исто толку екипи во категоријата на јуниори (возраст над 14 години).

На регионалните натпревари учествуваа следните ОППС-и:

I Регион: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга (домаќин ОППС Гостивар);

II Регион: Велес, Неготино, Кавадарци, Валандово, Гевгелија – ДПД Богданци, Прилеп, Крушево и Битола (домаќин – ОППС Валандово);

– III Регион: Берово, Делчево, Виница, Радовиш – Кочани директно на државен како минатогодишен победник (домаќин – ОППС Виница);

– IV Регион: Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Кратово (домеќин – ОППС Свети Николе);

– V Регион: „Скопје 1“: Аеродором, Ѓорче Петров, Чаир, Центар и Петровец;

– VI Регион: „Скопје 2“: Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Илинден и Сопиште.

Републичкиот ПП квиз-натпревар се одржа во Кочани, во организација на ОППС Кочани, како еден од минатогодишните победници, а под покровителство на Противпожарниот Сојуз на Македонија. Натпреварувањето се одржа во Културниот дом во Кочани на 10 Декември 2014 година, со почеток во 12 часот. 

Во конкуренција на Кадети, прво место освои екипата на ОППС Берово, второ место ОППС Прилеп и трето место ОППС Гази Баба.

Во конкуренција на Јуниори, прво место освои екипата на ОППС Кичево, второ место ОППС Крушево и трето место ОППС Свети Николе.

By |2018-01-09T19:34:42+01:0021 - 12 - 2014|Новости|Коментарите се исклучени на XXX-ти ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top