БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Работилница: „Производството, увозот, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и …“

Работилница: „Производството, увозот, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и …“

Работилница: „Производството, увозот, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и стабилните инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси, актуелни состојби, проблеми и предлози за подобрување на состојбите“

 На 26.11.2015 година, во Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“-Скопје (со почеток во 11:00 часот) се одржа работилницата под наслов: „Производството, увозот, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и стабилните инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси, актуелни состојби, проблеми и предлози за подобрување на состојбите“, а се работеше според следната

А Г Е Н Д А

10:30-11:00 – Пристигнување и регистрација на учесниците.

11:00-11:10 – Обраќање на Претседателот на ПСМ и Претседателот на СКМ-ГПЗ.

11:10-11:20 – Тематска презентација: Правната уреденост на производството, увозот, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и стабилните инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на  експлозивни смеси.

            Презентер: Горан Димитриевски

11:20-11:30 – Тематска презентација: Јавниот интерес и производството, увозот, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и стабилните инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси.

    Презентер: Никола Бојковски

11:30-11:40 – Тематска презентација: Ризици и опасности при одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарни апарати и стабилни инсталации за откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси.

            Презентер: Ивица Јовановиќ

11:40-11:50 – Тематска презентација: Актуелни состојби и импликации кај корисниците на услугите и опремата, сврзани со производството, увозот, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и стабилните инсталации за  откривање, јавување и гаснење на пожари и откривање на експлозивни смеси.

Презентер: Милан Клопчевски

11:50-12:10 – Кафе пауза.

 12:10-13:00 – Дискусија и предлози за подобрување на состојбата.

 Противпожарниот Сојуз на Македонија и Стопанската комора на Македонија – групацијата за против пожарна заштита, во склад со совите програмски активности, а ценејќи ја актуелноста на оваа проблематика, се одлучија да ја организираат оваа Работилница. Нејзината основна цел беше на едно место да ги собере сите чинители во против пожарната заштита во Република Македонија, а основна задача беше да се направи еден пресек во состојбите во тематската област на Работилницата. Исто така, за задача имаше да се обиде да се најдат решенија за надминување на постоечките проблеми и да се дадат насоки за нејзин развој во иднина, во согласност со потребите на едно модерно и развиено општество, кон кое се стреми Република Македонија.

 Дa учествуваат на Работилницата беа поканети сите релевантни чинители во ПП заштита во Македонија, а особено инволвирани во тематската област во истата. На Работилницата учествуваа 35 учесници од овие институции, а на крајот беа усвоени и заклучоци за подобрување на состојбата и надминување на констатираните проблеми. Истите беа проследени до сите релевантни институции надлежни за ПП заштита во Република Македонија.

By |2018-01-09T19:33:20+01:0017 - 01 - 2016|Новости|Коментарите се исклучени на Работилница: „Производството, увозот, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на противпожарните апарати и …“

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top