БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ОФИЦИЈАЛНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО

ОФИЦИЈАЛНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО

ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ПСМ

По изборното Собрание одржано на 25 Февруари 2022 година , и изборот на новото раководство на Противпожарниот Сојуз на Македонија, во присуство на членови на Претседателството на ден 03 Март беше извршено и официјално примопредавање на функцијата од стариот претседател Никола Николов , на новоизбраниот Г-дин Зоран Кочоски.



Примопредавањето се изврши во просториите на Републичкиот Сојуз.
Со преземањето на функцијата на новото Претседателство започнува и  формалниот старт на нивното работење.

Од зацртаните програмски активности за 2022 година на иницијатива на новоизбраниот Претседател на Сојузот во текот на месец Март ќе бидат спроведени следниве активности:

1. Возобновување на веб страната на Сојузот www.psm.mk
2. Анализа на моменталната состојба на Противпожарниот сојуз на Македонија со посебен акцент на статусот на Општинските противпожарни сојузи и  доброволните друштва низ Македонија.
3. Посета на повеќе Општински противпожарни сојузи и разговори за тековните проблеми и активности.
4. Формирање на нови противпожарни друштва во Општини каде што нема ваква активност.
5. Учество на меѓународна конференција во Брисел .
6. Средба со раководството на ДЗС и ЦУК на Македонија.

До крајот на месец Март ќе биде изготвена и онлине апликација за пријавување на заинтересирани лица за вклучување во работењето на Доброволните противпожарни друштва и учество во претстојните обуки за доброволни пожарникари.  

By |2022-03-04T18:12:45+01:004 - 03 - 2022|Новости|Коментарите се исклучени на ОФИЦИЈАЛНО ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top