Проект „Основно запознавање со огнот, неговата корисност и опасностите кои настануваат од него“ – ДПД Радика – Дебар
Проектот започна да се релизира на 01. 09. 2010 година.Подготовките за предавањата траеа околу 10 дена, беа обезбедени нагледни средства (противпожарна опрема ) во соработка со ТППЕ Дебар, во соработка со основните училишта од Општината Дебар беа договорени термини и простории каде ќе бидат извршени предавањата.
Првото предавање беше извршено во Основното училиште „Мирче Ацев“ од с. Могорче на 14. 09. 2010 година. На трибината беа присутни сите ученици од 5 до 8 одделение. Предавањето е одржано на македонски јазик од 14 до 15 часот.
Второто предавање беше одржано во О.У.„Ристе Ристески“во село долно Косоврасти.На предавањето беа присутни учениците од5 до8 одделение. Предавањето е одржано на македонски јазик од 10 до 11 часот.
Третото предавање беше одржано во Основното уцилиште „Братсво–Единство“ – Дебар, предавањето беше подржано на Албански наставен јазик а присуствуваа уцениците од 5 до 8 одделение кои учат на албанскиот наставен јазик. Предавањето беше одржано на 24.09.2010 година од 10 до 11 часот.
Четвтото одржано предавање е во О.У. „Саид Најдени“ на албански наставен јазик .Присутни беа учениците од 6 до 8 одделение . Предавањето е одрзано од 10-11 часот на 28.09.2010 година.
Петото и шестото предавање беаодржани на 04.10.2010 година Предавањата беа одржани на македонски наставен јазик. На предавањеата беа присутни учениците од Основните Училишта “Кле Калински” од село Горно Косоврасти и О.У.”Гоце Делчев” село Џепиште.