Ве известуваме дека на ден 25.05.2015г., по неколкумесечно боледување, на 61 годишна возраст, почина Љупчo Петровски, Раководител во Секторот за оператива и логистика при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, долгогодишен активист во Противпожарниот сојуз на Македонија, член на Управен Одбор.
Погребот се изврши на ден 26.05.2015г. на гробиштата во Гостивар, во присуство на голем број роднини, пријатели и колеги, а делегација од ПСМ положи венец и свежо цвеќе.