На иницијатива на Operation Florian (UK), Youth Training Association (UK) и Working Together (France), се одржаа два состаноци на ден 16.03.2010г. во Св.Николе и на ден 19.03.2010г. во Скопје.
На состаноците, од страна на Противпожарниот сојуз на Македонија присуствуваа Претседателот Проф.Д-р. Никола Николов и Благој Николов (техн.лице во ПСМ), Стивен Џордан (Operation Florian), Џон Картрајт и Ен Дарби (Youth Training Association) и Лорент Роулион (Working Together).
Пo излагањето на идеите на претставниците за соработка, беше заклучено дека можности за соработка постојат, во однос на организирање на: тренинзи, кампањи за подигање на јавната свест, набавка на опрема и возила, учество на наши млади пожарникари на европски натпреварувања и тн. Истотака, за отпочнување на соработката ПСМ официјално писмено ќе биде контактиран од страна на горенаведените организации.