Обука на членови на ДПД „Дебарца” – Дебарца за локализирање и гаснење на шумски пожари
Во склоп на активностите на Противпожарниот Сојуз на Македонија (ПСМ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за зголемување на капацитетите за локализирање и гаснење на шумските пожари, а во соработка со Холандска организација за развој (SNV), на 28 и 29 Јуни 2010 год., во с. Дебарца беше спроведена практична обука за локализирање и гаснење на шумски пожари на 10 членови на ДПД “Дебарца” – Дебарца. Обуката беше спроведена во склад со важечките нормативи од таа област, од страна на тренери од ДЗС и Територијалната ПП единица од Охрид. На обуката присуствуваа и претставници од ЈП. „Македонски шуми” подружница „Галичица”-Охрид и локалната самоуправа.