БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

XXVI Регионални ПП Квиз натпревари

XXVI Регионални ПП Квиз натпревари

 

Во периодот Октомври – Декември 2010 год. се одржаа XXVI-тите ПП квиз натпревари. Најнапред, во организација на општинските противпожарни сојузи, се одржаа општинските ПП квиз натпревари, а победниците имаа можност да ги претставуваат своите училишта и ОППС-и на регионалните квиз натпревари. Учесниците се натпреваруваа во две категории, и тоа: кадети и јуниори. За регуларноста на сите натпреварувања се грижеа жири комисии и делегати од Противпожарниот сојуз на Македонија.

 

 

Победниците на општинските ПП квиз натпревари  земаа учество на регионалните натпревари, и тоа во следните региони:

Регион I –  ОППС ТетовоОППС Гостивар, ОППС Дебар, ОППС Струга и ОППС Кичево.

Регион II – ОППС Велес, ОППС Неготино, ДППД Богданци, ОППС Прилеп, ОППСКрушево, ОППС Валандово и ОППС Битола.

Регион III – ОППС Берово, ОППС Делчево, ОППС Радовиш, ОППС Штип, ОППС Кочани и ОППС Виница. 

Регион IV – ОППС  Куманово, ОППС Кратово, ОППС Пробиштип и ОППС Свети Николе.

Регион V – ОППС Кисела водаОППС Аеродром, ОППС Петровец, ОППС Илинден, ОППС Центар, ОППС Карпош, ОППС Гази Баба и ОППС Чаир.


 Регионалниот натпревар во регионот I на град Скопје се одржа на 10.11.2010 год. во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз”, со почеток во 17 ч. На натпреварот учество земаа 48 натпреварувачи, а први настапија натпреварувачите од категоријата КАДЕТИ. Победници во оваа категорија беа претставниците на ОППС Аеродром во состав: Марија Атанасова, Драгана Бојковска и Ксенија Сарваноска, под менторство на проф. Радмила Јакимовска.

На паузата помеѓу двете категории се одржа натпревар во видео играта  WILDFIRE,  која претставува симулација за гаснење на шумски пожари, а првото место го освои Александра Михајловска од училиштето „Ацо Шопов” од ОППС Чаир, со што се здоби со можноста да го претставува регионот на град Скопје на Државниот натпревар.

Во вториот дел на квиз натпреварот се натпреваруваа натпреварувачите во категоријата ЈУНИОРИ. Првото место го освоија претставниците од ОППС Кисела вода, и тоа во состав: Нешовска Ангела, Конески Филип и Георгиевски Никола, водени под менторството на проф. Лазар Зафиров.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел,  на победниците им беа доделени пехари за освоено I, II и III место, како и соодветни награди и признанија.


Градот Битола беше домакин на регионалниот ПП квиз натпревар  II-от регион, а се одржа на 16.11.2010 г. во Домот на Културата, со почеток во 11ч. и 30 мин. Настапија следните екипи: ОППС Велес, ОППС Неготино, ДППД Богданци, ОППС Прилеп, ОППС Крушево, ОППС Валандово и ОППС Битола.

Најголема подготвеност покажа ДППД Богданци  и ги освои првите места во двете категории.

Во категоријата КАДЕТИ, првото место го освоија: Ивана Ѓаврочанова, Викторија Каракамишева и Ристе Карашабанов, под менторство на Страшо Олумчев, а додека во категоријата ЈУНИОРИ, првото место го освои екипата во состав: Ивана Чрчева, Марија Самарџиева и Славе Џалев, под менторство на Здравко Иљачев.

По завршувањето на натпреварот на победниците  беа доделени награди и дипломи за освоените места.


На ден 23.11.2010 г., во салата на Домот на културата во Виница, со почеток во 11ч. и 30мин., се одржа  натпреварувањето  за регионот III на кој учество земаа екипи од: ОППС Берово, ОППС Делчево, ОППС Кочани, ОППС Радовиш, ОППС Штип и домаќинот ОППС Виница. На почетокот се интонираше химната на Република Македонија, а потоа на присутните им се обрати и квиз натпреварот го прогласи за отворен  делегатот и потпретседател на ПСМ Проф.д-р. Михајло Камиловски. Потоа следеше музичка  точка од учениците од музичката секција при Домот на културата.

Во мирна и натпреварувачка атмосфера првото место во категоријата КАДЕТИ го освои екипата од ОППС Кочани, во состав: Ангела Лазарова, Зоран Гаврилов и Филип Таушанов, водени од менторот  Драги Рашков.

Во паузата, помеѓу двете категории, се одржа натпреварот од промотивен каракатер во играта WILDFIRE. Првото место го освои Ѓорѓи Ајтовски од ОППС Берово, под менторство на Зоран Ајтовски, со што се здоби со можност да учествува на државниот натпревар како претставник од регионот III.

Во вториот дел од наптреварувањето на сцената се искачија натпреварувачите од категоријата ЈУНИОРИ.

Најдобра подготвенсот покажа екипата на домаќинот ОППС Виница, во состав:  Моника Митевска, Александра Филипова и Љупка Лазарова, ментор Анета Алексова, освојуваќи го првото место и обезбедувајќи натамошен пласман на републичкиот квиз наптпревар.

По завршувањето на ПП квиз-натпреварувањето,  беше организиран свечен ручек за натпреварувачите на кој претседателот на ОППС Виница на победниците им ги врачи наградите и признанијата.


  Регионалниот натпревар за Регионот IV, на 24.11.2010 г. се одржа во Св.Николе во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Институт каде што учество земаа екипите од ОППС Кратово, ОППС Пробиштип и ОППС Свети Николе. Екипата на ОППС Куманово, како минатогодишен републички победник и организатор на овогодинешниот републички ПП квиз натпревар, како директен финалист не учествуваше на овој регионален натпревар. Во присуство на публиката, претставници на локалната самоуправа, локалните медиуми, натпреварувањето помина во најдобар ред. За регуларноста се грижеше жири комисијата и делегатот на ПСМ, г-н Часлав Јовановиќ.

Првото место во категоријата  КАДЕТИ го освои домаќинот ОППС Свети Николе, во состав: Марковска Ивана, Штериова Кристина и Коцев Стефан, предводени од менторот Мирјана Наунова.

Во категоијата ЈУНИОРИ првото место го освои екипата од ОППС Пробиштип во состав: Величковски Дејвид, Петков Никола и Гочевски Горан, под менторство на проф. Анче Алексов


 Како последен во рамките на регионалните натпревари, беше регионалниот ПП квиз наптревар за Регионот I, на кој домаќин беше ОППС Кичево. Натпреварувањето се одржа во салата на Хотел Кичево во пријатна натпреварувачка атмосфера. На натпреварот учество земаа екипи од следниве ОППС-и: Струга, Дебар, Кичево, Тетово и Гостивар.

       

 

На овој регионален ПП квиз-натпревар, како најподготвени во двете категории се покажаа екипите на ОППС Кичево освојувајќи ги првите места.

         

 

Во категоријата КАДЕТИ првото место го освоија: Александра Мицкоска, Симона Дојчиноска и Катерина Билбилоска, водени од менторот проф. Менка Ефремовска.

Во категоријата на ЈУНИОРИ, првото место го освоија: Велкоска Теодора, Сиљаноска Валерија и Цветаноски Бранко, под менторство на Благојче Топалоски.

 

 

На крајот од квиз-натпреварот, се одржа натпреварувањето во играта WILDFIRE, каде што учество земаа претставници од секој ОППС, а првото место и можноста да го претставува регионот на републичкото натпреварување ја освои Даниел Јанкоски од ОППС Гостивар.

 

По завршетокот на натпреварот во видео играта играта, учесниците беа поканети на свечен ручек, при што претседателот на ОППС Кичево, г-н Гоце Богданоски свечено им ги врачи наградите и признанијата на победниците.

 

 

By |2018-01-09T19:19:23+01:0014 - 12 - 2010|Новости|Коментарите се исклучени на XXVI Регионални ПП Квиз натпревари

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top