БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

XXVI Републички ПП квиз-натпревар

XXVI Републички ПП квиз-натпревар

 

Во рамките на активностите на Противпожарниот сојуз на Македонија, традиционално секоја година се одржуваат Против пожарни  квиз-натпревари.

Натпреварите се одржуваат на општинско, регионално и републичко ниво. Оваа година републичкиот ПП квиз-натпревар се одржа во Куманово, во организација на ОППС Куманово како минатогодишни победници, а под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија. Натпреварувањето се одржа во Младинскиот културен центар „Козјак”, на 10 декември 2010 г. со почеток во 11 часот и 30 мин.

 

На настанот присуствуваа екипите победници на регионалните натпревари, во две категории, кадети и јуниори. ОППС Куманово како победници на минатогодишниот  ПП квиз натпревар, директно у~ествуваа во финалето. За првпат оваа година, се одржа промотивно натпреварување во видео играта WILDFIRE од жанрот стратегии. Тематика се шумските пожари и натпреварувачите имаат цел да ги локализираат и стават под контрола. На републичкиот квиз-натпревар учествуваа 42  натпреварувачи од основните и средните училишта, а вкупно на овогодинешните ПП квиз – натпревари (на општинско, регионално и републичко ниво) продефилираа над 1000 ученици. За регуларноста на квизот се грижеше жири комисија, составена од 3 члена.

 

До пристутните свое обраќање имаа:

 

Д-р. Марјан Денковски – Претседател на ОППС Куманово

 

Г-н. Оливер Спасовски – секретар на општина Куманово 

 

Проф. д-р. Никола Николов, Претседател на ПСМ  

Први на сцената се појавија учесниците на ревијалниот натпревар во видео играта WILDFIRE, и преку ждребка беше одреден редоследот на играчите.

 

По првиот круг на натпреварување на видео играта започна ПП квиз натпреварувањето со победниците од регионалните квиз натпревари во категоријата на Кадети, и тоа: ОППС Куманово, ОППС Свети Николе, ОППС Кочани, ОППС Кичево, ДППД Богданци и ОППС Аеродром. И овој пат се покажа дека најмалите се и најподготвени и редоследот за II, III и IV  место мораше да биде одреден со помош на ждрепка.

 

Првото место во категоријата Кадети, го освои ОППС Кичево во состав:

– Александра Мицкоска

– Симона Дојчиноска

– Катерина Билбилоска

Ментор:  Мекна Ефремовска

По нив следеа:

II Место – ОППС Кочани

III Место – ОППС Куманово

IV Место – ОППС Аеродром

V Место – ДППД Богданци

VI  Место – ОППС Свети Николе

На паузата, меѓу квиз натпреварите во категориите Кадети и Јуниори, се одржа вториот дел на промотивниот натпревар во видео играта WILDFIRE.

Во вториот дел од ПП квиз  натпреварот настапија учениците победници од регионалните натпревари во категријата Јуниори, и тоа од: ОППС Куманово, ОППС Провиштип, ОППС Виница, ОППС Кичево, ОППС Богданци, ОППС Кисела Вода.

 

Како најдобри се покажаа домакините од Куманово, освојувајќи го првото место, во состав:

I Место – ОППС Куманово

 – Анкица Димковска

– Суза Коцевска

– Маја Николовска

Ментор: Драган Илиевски

Останатите места ги освоија:

II Место – ОППС Виница

III Место – ОППС Кисела Вода

IV Место – ОППС Кичево

V Место – ОППС Пробиштип

VI Место – ОППС Бодганци

По завршувањето на ПП квизот се одржа и третиот (последен) дел на ревијалниот натпревар во играта  WILDFIRE и  силите ги одмерија последните двајца натпреварувачи. Победник во видеоиграта, со многу мала разлика, беше Александра Михајловска од ОППС Чаир, второто место го освои Ѓорѓи Ајтовски од ОППС Берово, а додека трето место му припадна на  Даниел Јанкоски од ОППС Гостивар.

       

На крајот, г-инот Шабан Салиу, Директор на Дирекцијата за заштита и спасување при Владата на Р.М, на побениците во категоријата Кадети им ги врачи признанијата и наградите. На категоријата Јуниори наградите им ги врачи претседателот на ОППС Куманово – Д-р. Марјан Денковски, а додека на побениците во играта WILDFIRE, наградите и признанијата им ги врачи Претседателот на ПСМ – проф. д-р. Никола Николов.

 

Истотака, Претседателот на ПСМ свечено му ја врачи плакетата на претседателот на ОППС КУМАНОВО во знак на благодарност за организацијата и сорбаотката.

 

Mедиумски известувања: 

http://radiobravo.com.mk/emissions/protivpozarenkviz09122010/

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/kumanovci-i-kicevci-najdobri-mladi-pozarnikari.html 

 

 

By |2018-01-09T19:19:23+01:0015 - 12 - 2010|Новости|Коментарите се исклучени на XXVI Републички ПП квиз-натпревар

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top