БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Проект: „Пожарникар тоа сум јас“ – ДПД Кичево

Проект: „Пожарникар тоа сум јас“ – ДПД Кичево

Проект: „Пожарникар тоа сум јас“ – ДПД Кичево

 

            Целта на овој проект беше да се изврши обука на пожарникари-доборволци, и во него земаа учество 24 курсисти. За таа цел беа ангажирани стручни предавачи:

Тема: Прописи – Топалоски Глигор (координатор)

Тема: Противпожарна превентива –  Галиманоски Коста (предавач)

Тема: Противпожарна тактика и техника – Илиески Игор (командант на ТППЕ Кичево)

Тема: Противпожарни вежби – Соколески Игор (дпил.инг. за заштита од пожари)

На почетокот, на првите две предавања, присутните беа запознаени со прописите и системот на заштита и спасување на Р.М. со посебен акцент на заштитата од пожари. На следните предавања присутните беа запознаени со основи на процесот горење и горливи материјали, а најмногу време на предавањата беше посветено на мерките за заштита од пожари и противпожарната тактика и техника. Предавањата на оваа тема траеа цели 6 дена.

 

Исто така, посебно внимание беше посветено на практичните вежби, каде што курсистите беа запознаени со техниката и опремата која ТППЕ Kичево ја поседува и користи во случај на пожари. Беа запознаени со возилата, со ПП опремата, како се дејствува во случај на пожар во урбана средина и при шумски пожар.

Предавањето за прва помош се одржа со помош на Црвениот Крст од Кучево на кое што курсистите беа запознаени со значењето на првата медицинска помош и како треба да се постапи при несреќи, со акцент на спасувањето на животи при пожари.

 

За потребите на курсот беше изработена и брошура, која е од интерен карактер и е намената за посетителите на курсот. Исто така, на посетителите на курсот им беа доделени и униформи.

Со завршувањето на курсот, беше формирано ДПД од присутните учесницина курсот, кое ќе функционира во рамките на ОППС Кичево, за кое понатаму ќе биде потребно дополнителна обука и опремување за постигнување на професионални стандарди се со цел да може да се дејстува во кризи.

 

 

 Насловна страна на прирачникот 

ДПД Кичево 

 

By |2018-01-09T19:19:22+01:0031 - 01 - 2011|Конкурси|Коментарите се исклучени на Проект: „Пожарникар тоа сум јас“ – ДПД Кичево

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top