БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Работилница во склоп на проектот “Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“

Работилница во склоп на проектот “Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“

На ден  20 мај во Миккеи Хaнтинг Клуб со почеток во 9 часот се одржа партиципативнa работилница за засегнати чинители во заштитата на шумите од пожари, во рамките на проектот „Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“ во организација на Министерството за земјоделство, Шумарство и водостопанство, поддржан од Организацијата за храна и земјоделие при Обединетите нации (ФАО).

Целта на работилницата беше да се промовира и воспостави консензус за национална кампања за заштита на шумите од пожари и е наменета за сите институции, организации и аминистрации кои подготувуваат или се  вклучени во сприведување накампањи за заштита на шумите од пожари. Воедно, на работилницата за првпат во јавноста беше промовирана и новата маскота (во склоп на проектот) за заштита на шумите од пожари – бувот Бубо.

На работилницата се изврши координација на активностите за јавна свест за шумски пожари, промоција на националното лого за заштита на шумите од пожари и промоција на националната кампања за заштита на шумите од пожари. ПСМ со свои претставници зема активно учество и ги промовираше своите активности од областа на заштитата на шумите од пожари.

Исто така, во рамките на проектот, на 21 и 22 Мај во х. Славија – Попова Шапка се одржа уште една работилница со цел промоција на кампањата на организации кои имаат интерес за заштита на шумите од пожари и/или вршат неформално образование на млади лица. На работилницата присуствуваа членови на ПСМ, лица од невладиниот сектор, Шумарскиот факултет и др. 

 

 

 

 

 

 

By |2018-01-09T19:19:18+01:0030 - 05 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на Работилница во склоп на проектот “Зајакнување на подготвеноста за справување со шумски пожари“

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top