БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Противпожарен Крос натпревар 2011

Противпожарен Крос натпревар 2011

Противпожарниот сојуз на Град Скопје на ден 19 Мај 2011 годин, на кејот на реката Вардар во Скопје, кај спортската сала МЗТ, го организираше традиционалниот „ПОЖАРНИКАРСКИ КРОС-НАТПРЕВАР СКОПЈЕ 2011„. 

Противпожарниот сојуз на Град Скопје на ден 19 Мај 2011 годин, на кејот на реката Вардар во Скопје, кај спортската сала МЗТ, го организираше традиционалниот „ПОЖАРНИКАРСКИ КРОС-НАТПРЕВАР СКОПЈЕ 2011„. Организатор-домаќин на натпреварот беше ОППС Аеродром.

  Крос-натпреварот беше организиран во категоријата женски натпреварувачи, на патека долга 500 метри и во категоријата машки натпреварувачи, на патека долга 600 метри.

На крос натпреварот учествуваа околу 300 ученици од седмите и осмите одделенија од основните училишта, кои што ги преставуваа  следните општинските противпожарни сојузи (ОППС) и тоа: ОППС Аеродром, ОППС Кисела Вода, ОППС Чаир, ОППС Гази Баба, ОППС Петровец, ОППС Илинден и ДПД Мирче Ацев од Општина Ѓорче Петров.

На ПОЖАРНИКАРСКИОТ КРОС-НАТПРЕВАР СКОПЈЕ 2011 беа постигнати следните резултати:

Категорија женски натпреварувачи:

Прво место Тина Мицева ОУ „Кузман Јосифовски – Питу„ ОППС Кисела Вода

Второ место Зорица Спасовска ОУ „Крсте Мисирков„ ОППС Гази Баба

Трето место Емили Дачевиќ ОУ „Живко Брајковски„ ОППС Чаир

 

Категорија машки натпреварувачи:

Прво место Филип Атанасов ОУ „Живко Брајковски„ ОППС Чаир  

Второ место Никола Костадиновски ОУ „Блаже Коневски„ ОППС Аеродром

Трето место Дејан Дичоски ОУ „Страшо Пинџур„ ДПД„ Мирче Ацев„

На учесниците кои што го освоија прво, второ и трето место им беа доделени признанија дипломи, медаљи и скромни награди.

 

 

 

 

By |2018-01-09T19:19:18+01:0030 - 05 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на Противпожарен Крос натпревар 2011

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top