БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Меѓународна вежба “Заеднички отпор – 13“

Меѓународна вежба “Заеднички отпор – 13“

Меѓународна вежба “Заеднички отпор – 13“


Вежбата насловена “Заеднички отпор – 13“ беше изведена во организација на Министерството за одбрана – Генерал штаб на АРМ и Соединетите Американски Држави, со учество на тимови од:

 

Република Словенија,

Република Босна и Херцеговина,

Република Албанија,

Република Црна Гора,

Република Хрватска,

Република Косово,

Соединетите Американски Држави и

Македонија.

Таа се одржа во Пепелиште и воениот полигон Криволак во периодот од 27.05 до 06.06.2013 година.

Противпожарниот сојуз на Македонија зема активно учество, во подготовката и изведувањето на Вежбата, како дел од силите на Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија.  Проф. д-р Никола Николов, Претседател на ПСМ, во Вежбата учествуваше како член на Главниот Штаб на Вежбата во периодот од 03.06 до 06.06.2013 год.  Членовите на ДПД Богданци , во составот на Тимот за заштита од пожари заедно со ТППЕ Штип, со учество на дел од доброволната женската против пожарна екипа учествуваа во оперативниот дел на Вежбата од 03.06 до 06.06.2013 година. Тие беа представени од Страшо Олумчев, Јелена Газетиќ, Росана Стоилковиќ и Лилјана Ѓаковиќ.

Основното сценарио на Вежбата беше силен земјотрес во регионот на Неготино.

ПСМ со своите претставници учествуваше во следните инциденти:

 

ДЕН 1 – 04.06.2013 год.

Локација: Мушанци

 

Инцидент: Експлозија на цистерна со масло

 

ДЕН 2 – 05.06.2013 год.

Локација: Пепелиште

Инцидент: Пожар во поштата

Инцидент: Запалено возило

 

Настапот на претставниците на ПСМ беше оценет како мошне успешен и добар пример на соработна меѓу доброволците и професионалните пожарникари и останати тимови.

По успешното завршување на Вежбата сите учесници се стекнаа со Сертификати.

 

 

`

 

 

 


By |2018-01-09T19:19:14+01:0020 - 06 - 2013|Новости|Коментарите се исклучени на Меѓународна вежба “Заеднички отпор – 13“

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top