БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР БЕРОВО 2011

ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР БЕРОВО 2011

 

ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР БЕРОВО 2012

 

 

Оваа година државниот ПП квиз-натпревар се одржа во Берово, во организација на ОППС Берово како минатогодишни победници, а под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија. Натпреварувањето се одража во спортската сала Македонски Бранители , на 14 декември 2012 г. со почеток во 12часот.

 

 

 

 

На настанот присуствуваа екипите победници на регионалните натпревари, во две категории, кадети и јуниори. ОППС Берово како победници на минатогодишниот  ПП квиз натпревар, директно учествуваа во финалето. Се одржа и натпреварување во видео играта WILDFIRE од жанрот стратегии. Тематика се шумските пожари и натпреварувачите имаат цел да ги локализираат и стават под контрола.


На републичкиот квиз-натпревар учествуваа 42  натпреварувачи од основните и средните училишта, а вкупно на овогодинешните ПП квиз – натпревари (на општинско, регионално и републичко ниво) продефилираа над 2000 ученици. За регуларноста на квизот се грижеше жири комисија, составена од 3 члена.


Во конкуренција  на кадети прво место освои  екипата на ОППС Кисела Вода, второ место Кавадарци и трето место Радовиш.

1. ОППС Кисела Вода: Михаела Велковска, Влатко Леков, Ирина Китановска и ментор Валентина Терзиева

2. ОППС Кавадарци: Јасна Манева, Јован Коцев, Васил Митревски и ментор Ванчо Кеков.

3. ОППС Радовиш: Моника Тодорова, Велоче Петрова, Кристијан Тодоров и ментор Илија Божинов.

Во конкуренција на јуниори прво место освои екипата од ОППС Петровец, второ место Делчево и трето место Велес.

1. ОППС Петровец: Филип Дебеловски, Филип Колевски,Даниела Јордановска и ментор Реџеп Станковиќ.

ОППС Делчево: Сања Димитрова,, Наталија илиева, Душка Мицевска и ментор Димитар Стојановски.

ОППС Велес: Надица Шкрекова, Лилјана Аврамовска, Андријана Бабуновска и ментор Димче Левков.


Победник во видеоиграта, со многу мала разлика, беше Влатко Спасов од ОППС Свети Николе , второто место го освои Ѓорѓи Ајтовски од ОППС Берово, а додека трето место и припадна на Ристо Олумчев од ДПД Богданци.

Натпреварите на општинско ниво, регионално ниво и на државното финале се спроведоа без никакви инциденти, во мирна и фер борба за освојување на местата.

Генерално, може да се констатира дека  сите натпреварувачи, и во конкуренција на кадети и во конкуренција на јуниори, беа солидно подготвени и постигнаа добри резултати, без разлика на освоените места.

На повеќе регионални натпревари, покрај  натпреварувањето во знаењето од заштитата од пожари, пред натпреварите и во паузатите од натпреварувањето имаше и точки од културно забавна програма, особено на регионалниот натпревар во Скопје.


На натпреварите во повеќето градови, покрај натпреварувачите со своите ментори, настанот со своето присаството го збогатија и: градоначалници на општини, претставници од локалната самоуправа, директори и претставници од училиштата, ученици, родители на учениците што се натпреваруваа и т.н.

На отварањето на Регионалните натпревари  имаше пригодни излагања од Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, Претседателот на Градскиот ПП сојуз на Скопје, членови на Управниот одбор на ПСМ  и други почесни гости. На Државниот ПП КВИЗ натпревар во Берово присуствуваше и градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, кој одржа и подравен говор до присутните.

На натпреварувањето  се применуваа постоечките пропозициите без никакви отстапувања. Државниот и регионалните натпревари  се спроведоа со компјутерска техника (видео БИМ) при поставување на прашањата и прикажување на точните одовори, преглед на бодовната листа и прикажување на пригодни  слајдови и филмови одобласта на  заштитата од пожари.

Спроведувањето на натпреварите покрај  жири комисиите  и делегатот на натпреварот,  го потпомагаа  два или три ученика, од кои еден секогаш беше водител на натпреварот.

За одржувањето на Општинските натпревари ОППС-И финасиски беа потпомогнати од ПСМ, а наградите за учениците и менторот ги обезбедуваа Општинските сојузи. Целокупните средства за Регионалните ПП Квиз натпревари и Државниот натпревар ги обезбеди Противпожарниот сојуз на Македонија.


Треба да се истакне дека во некои градови организацијата и одржувањето на општинските ПП Квиз натпревари логистички и финансиски беше помогнато од градоначилиниците односно локалната самоуправа, што е особено за пофалба и претставува еден позитивен тренд. Исто така, поединци од Дирекцијата за заштита и спасување на Р.Македонија со својата активност придонесоа за успешната организација и одржување на ПП Квиз натпревари, на сите нивоа.

 

 

By |2018-01-09T19:19:14+01:0020 - 12 - 2012|Новости|Коментарите се исклучени на ДРЖАВЕН ПП КВИЗ-НАТПРЕВАР БЕРОВО 2011

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top