БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Противпожарниот сојуз на Македонија учествуваше на 10-тата годишна средба на еколошките граѓански организации во Република Македонија

Противпожарниот сојуз на Македонија учествуваше на 10-тата годишна средба на еколошките граѓански организации во Република Македонија

Од 18-20 Октомври 2013 год., во Хотел Романтик во Дојран, во организација на Македонскиот Зелен Центар, а со поддршка на УСАИД, УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија, се оддржа 10-тата годишна средба на граѓански организации кои работат на полето на животната средина и орджливиот развој. 

Годишната средба се одржа во рамките на проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени (УСАИД  Мunicipal climate change strategies project), кој во Македонија се спроведува од странана на Милиеуконтакт Македонија.

Општа цел на десеттата годишна средба беше промоција на Зелената Агенда како модел за донесување на локалните стратегии за климатски промени во општините во Македонија, како и развојот на координативното тело за соработка помеѓу ГО и МЖСПП.

На отварањето на средбата кон присутните се обратија: Министерот за животна средина и просторно планира-ње г-дин Абдулаќим Адеми, градоначалникот на општина Дојран г-дин Борче Стамов и претседателот на Македонскиот зелен центар г-дин Методија Саздов, како и директорот на Милиеуконтакт Македонија, која е спроведувач на проектот на УСАИД за општински стратегииза климатски промени, г-дин Игор Славкоски.

На средбата присуствуваа претставници од повеќе од 40 организации (меѓу кои и од ПСМ) и во работни групи ги дефинираа проблемите и приоритетите поврзани со климнатските промени и животната средина во Република Македонија.

By |2018-01-09T19:36:24+01:003 - 04 - 2014|Новости|Коментарите се исклучени на Противпожарниот сојуз на Македонија учествуваше на 10-тата годишна средба на еколошките граѓански организации во Република Македонија

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top