БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

XXIX-ти ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР, Скопје 2013 год.

XXIX-ти ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР, Скопје 2013 год.

   Оваа година републичкиот ПП квиз-натпревар се одржа во Скопје-Илинден, во организација на ППС на град Скопје и ОППС Илинден, како еден од минатогодишните победници, а под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија. Натпреварувањето се одржа во Културниот дом во општина Илинден на 17 декември 2013 г., со почеток во 11 часот.

  На квиз-натпреварот учествуваа 36  натпреварувачи од основните и средните училишта, а вкупно на овогодинешните ПП квиз натпревари (на општинско, регионално и републичко ниво) продефилираа над 1000 ученици. За регуларноста на квизот се грижеше жирик омисија, составенаод 3 члена.

   Во конкуренција  на Кадети првото место го освои  екипата на ОППС Велес, второто место Кочани и третото место Свети Николе. Во конкуренција на Јуниори првото место го освои екипата од ОППС Кочани, второто место Крушево и третото место Илинден. На натпреварот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден Г-дин Жика Стојаноски и претставници од други институции од град Скопје.

By |2018-01-09T19:35:55+01:006 - 04 - 2014|Новости|Коментарите се исклучени на XXIX-ти ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ НАТПРЕВАР, Скопје 2013 год.

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top