БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Меѓународен Конгрес за Шумски Пожари и Климатски Промени: Предизвици во Справувањето со Пожари во Природни и Населени Средини во Евроазија, 11-12 Ноември, Новосибирск, Русија

Меѓународен Конгрес за Шумски Пожари и Климатски Промени: Предизвици во Справувањето со Пожари во Природни и Населени Средини во Евроазија, 11-12 Ноември, Новосибирск, Русија

     Интернационалниот настан спои престижни експерти од целиот свет, претставници на итни служби, управници на шуми и надлежни за управување со земјиште, владини и невладини организации кои учествуваат во заштитата на шумите како и одговорни за развивање на нови стратегии за заштита од пожари. Имаше дискусија на проблемите со справување на пожари во природните средини во Русија и низ Евроазискиот регион, и нивното влијание и значење за климатските промени. Една од целите на конгресот беше да се стимулира меѓугранична соработка во размена на искуствата за справување со пожари, и да се придонесе во процесот на донесување на одлуки во оваа област на интернационално ниво.

        Конгресот беше организиран во партнерство со Глобалниот Центар за Мониторинг на Пожари, во рамки на билатералната соработка на Русија и Германија во Менаџирањето на Одржливо Шумарство.

        Противпожарниот сојуз на Македонија беше поканет да го презентира своето 30 годишно искуство и организација.

        Во исто време со Конгресот, беше одржана и првата Интернационална Изложба за Заштита и Справување со Шумски Пожари, на 11-13 Ноември, 2013 год., во Експоцентарот Новосибирск (Русија), во рамки на проектот Технологии за Гасење Шумски Пожари, Екологија, Клима – 2013.

Агенда

Активност на Претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија

 

By |2018-01-09T19:36:05+01:005 - 04 - 2014|Новости|Коментарите се исклучени на Меѓународен Конгрес за Шумски Пожари и Климатски Промени: Предизвици во Справувањето со Пожари во Природни и Населени Средини во Евроазија, 11-12 Ноември, Новосибирск, Русија

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top