БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

ИПА КАМПЕКС 2015

ИПА КАМПЕКС 2015

   Меѓународната вежба ИПА Кампекс 2015 се одржа во периодот 15 до 19 јуни – 2015 година во Визбегово – Скопје. Вежбата беше во организација на Дирекција за заштита и спасување на Р. Македонија, во соработка со ЕУ – Генералниот директорат за хуманитарна помош и цивилна заштита и конзорциумот формиран за оваа намена составен од службите за заштита и спасување на Словенија, Хрватска, Германија, Италија, Шведска и приватната фирма „Синерџис“ од Австрија.

   Противпожарниот Сојуз на Македонија беше дел од организацијата на оваа вежба и учествуваше со 50 свои активисти, од ОППС-и од ППС на град Скопје.

   Основното сценарио на вежбата беше катастрофален земјотрес во Република Македонија и подигање на камп (шаторска населба) за настраданото население. Вежбата започна на 15 јуни со симулациска командно-штабна вежба на која беше   прифатена помош од земјите во регионот. На 16 јуни пристигнаа тимовите од Македонија – Црвен крст на РМ, Германија, Италија, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, а на 17-ти беше поставен и кампот за привремено раселени лица во кој беа прифатени околу 250 лица. На 18-ти се одвиваше главниот дел од вежбата во која ПСМ, односно учесниците во вежбата, симулираа повредени лица, а дел помагаа во одржувањето на безбедноста во кампот.

By |2018-01-09T19:33:32+01:002 - 07 - 2015|Новости|Коментарите се исклучени на ИПА КАМПЕКС 2015

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top