БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Регионална здружена тактичко-показна вежба – Богданци 2011

Регионална здружена тактичко-показна вежба – Богданци 2011

На ден 07.04.2011-та година се одржа РЕГИОНАЛНА ЗДРУЖЕНА ТАКТИЧКО ПОКАЗНА ВЕЖБА – БОГДАНЦИ 2011.

Вежбата се одржа во ООУ „Петар Мусев“ – Богданци и на неа учество земаа: ДППД-Богданци,ТППЕ Струмица,ТППЕ Гевгелија, ДПД Дојран, ПОЗС Струмица, ПОЗС Валандово ,ПОЗС Гевгелија, Здраствен Дом Гевгелија. Домакин на вежбата беше општина Богданци.На вежбата беше изведена симулација на земјотрес и покасна појава на пожар во просториите на објектот,спроведена евакуација на учениците и вработените во училиштето,извршена евакуација на повредени и загрозени лица од објектот и прикажана евакуација на тешко повредено лице со јажиња и ПП скали.

 

Медиумска покриеност

http://www.mia.mk/default.aspx?vId=82878994&lId=1

Превземено од МИА

 

Во Богданци изведена тактично-показна вежба на противпожарните сили од јужниот регион

Богданци, 12 април 2011 (МИА) – Под мотото „Заштита и спасување од земјотрес и пожар“, во просториите на Општинското основно училиште „Петар Мусев“ во Богданци, минатата недела беше изведена регионално здружена тактично-показна вежба од противпожарните единици од петте јужни општини во регионот, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово и Струмица.

Петте противпожарни единици, заедно со вработеноите од ООУ, болничкиот персонал од ЈЗУ „Здравен дом“ од Гевгелија и вработените во подрачните одделенија за заштита и спасување од Гевгелија, Струмица и Валандово изведоа 10 вежбовни зафати во кои симулираа ситуации за спасување и евакуација од земјотрес и пожар.

Во акцијата учество зедоа близу 450 лица, од кои 60 професионални и доброволни членови на противпожарните сили, околу 350 ученици, болничка екипа од јавната здравствена установа, тимови за комуникација и посредување. Акцијата претставуваше проверка на функционалноста на Планот за заштита и спасување во делот на евакуација и спасување на повредени и загрозени лица во објекти, синхронизација на активностите на професионалните екипи од републичко и општинско ниво, како и проверка на текот на комуникацијата на субјектите во системот за заштита и спасување при елементарни непогоди.

Текот на акцијата го следеа претседателот на Противпожарниот Сојуз на Македонија Никола Николов, раководителите на секторите за превентива и оператива од Дирекцијата за заштита и спасување Лилјана Бјелица и Љупчо Петрески. За успешно изведената акција од страна на Противпожарниот Сојуз на Македонија им беа доделени благодарници на претседателот на ДППД од Богданци, Страшо Олумчев, на градоначалникот на Општина Богданци, Ристо Ичков и на членовите од женската доброволна противпожарна единица од Богданци.

 

By |2018-01-09T19:19:19+01:0016 - 04 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на Регионална здружена тактичко-показна вежба – Богданци 2011

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top