БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Прв камп за млади пожарникари – Копанки 2011

Прв камп за млади пожарникари – Копанки 2011

Од 14-15 мај 2011 година, во детското одморалиште „Копанки“ – Битола, се организираше средба (кампус) на пожарникари-волонтери, во којa учество зедоа 136 млади пожарникари.

Овој настан беше под покровителство на Општина Битола, а организиран од страна на ДПД Пегаз – Битола и ТППЕ Битола. На средбата учествуваа повеќе доброволни друштва во Македонија и тоа : ДПД Пегаз Битола, НВО Сфера- Битола, ДПД Богданци, ДПД Св. Николе, ОППС Пробиштип, ДПД Бајрам Мифтари – Скопје, ДПД Брвеница – Челопек, ДПД Дојран и ДПД Кичево.

Првиот ден од кампусот беше изведена настава од прва помош и презентација со практично користење на ПП опрема. Вториот ден беа одржани тактичко-показни вежби на сите учесници, по сопствен избор.

Заинтересираноста за овој настан, од страна на граѓаните на Битола, беше навистина голема и има тенденција да прерасне во традиција.

 

 

 

 

By |2018-01-09T19:19:18+01:0030 - 05 - 2011|Новости|Коментарите се исклучени на Прв камп за млади пожарникари – Копанки 2011

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top