БРОЈ ЗА ИТНИ ПОВИЦИ 112

Противпожарен Крос натпревар „Скопје 2012„

Противпожарен Крос натпревар „Скопје 2012„

 

 

Противпожарен Крос натпревар „Скопје 2012„

 

Во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје и Општинскиот противпожарен сојуз Аеродром, како и Општинскиот сојуз на училишен спорт Аеродром, на ден 16.05.2012 година со почеток во 12,00 часот на кејот на реката Вардар, во непосредна близина на спортската сала МЗТ Скопје, се одржа 5-тиот Пожарникарски крос-натпревар. Крос-натпреварот се одржа по повод „20-ти Мај„ Ден на пожарникарството во Република Македонија.

На крос-натпреварот учествуваа ученици од сите Општински противпожарни сојузи, од вкупно 19 основни училишта во Градот Скопје со вкупно околу 1000 учесници-ученици.


Крос-натпреварот со организираше во две возрасни групи и тоа:

Ученици од пето и шесто одделение од кои категорија „женски„ на патека долга 400 метри и категорија „машки„ на патека долга 500 метри и

Ученици од седмо и осмо одделение од кои категорија „женски„ на патека долга 500 метри и категорија „машки„ на патека долга 600 метри и

■ категорија „женски„  патека долга 400 метри

– прво место Сара Митрички ОУ „Рајко Жинзифов„ ОППС Кисела Вода

– второ место Сања Станишевска „Рајко Жинзифов„ ОППС Кисела Вода

– трето место Маја Јованова ОУ „Гоце Делчев„ ОППС Аеродром

■ категорија „машки„  патека долга 500 метри

– прво место Мерким АсланиОУ „Кочо Рацин„ ОППС Петровец

– второ место Виктор Крстевски „Блаже Коневски „ ОППС Аеродром

– трето место Стефан Петрески ОУ „Рајко Жинзифов „ ОППС Кисела Вода

■ категорија „женски„  патека долга 500 метри

– прво место Деспина Тодева  ОУ „Дане Крапчев„ ОППС Гази Баба

– второ место Ана Марија Петрушевска  „Ацо Шопов „ ОППС Бутел

– трето место Александра Митева  ОУ „Љубен Лапе„ ОППС Аеродром

■ категорија „машки„  патека долга 600 метри

– прво место Матео Тренковски  ОУ „Рајко Жинзифов „ ОППС Кисела Вода

– второ место Дарио Ивановски  „Гоце Делчев  „ ОППС Илинден

– трето место Никола Костадиновски  ОУ „Блаже Конески  „ ОППС Аеродром

Противпожарниот сојуз на Град Скопје на учениците кои освоија прво, второ и трето место им додели дипломи, златна, сребрена и бронзена медаља, како и пригодни награди.


 

By |2018-01-09T19:19:14+01:0011 - 06 - 2012|Новости|Коментарите се исклучени на Противпожарен Крос натпревар „Скопје 2012„

Share This Story, Choose Your Platform!

Go to Top